Контролор:
УНИТИМ ДООЕЛ Скопје
Ул. Петре М. Андреевски бр.10 лок 4, Кисела Вода, 1000 Скопје, Република Македонија
(во натамошниот текст „ УНИТИМ “)
Ние посветуваме значително внимание на заштитата на личните податоци во секој сегмент на деловните процеси, преку примена на стандардите утврдени со законските и со подзаконските прописи за заштита на личните податоци во Република Северна Македонија, како и со интерните акти на компанијата.
Оваа политика на приватност дава општи информации за обработката на личните податоци кога ја посетувате нашата веб-страница (во натамошниот текст „страница“) и/или кога ја користите на друг начин, односно кога се регистрирате на неа.
Оваа политика на приватност е во согласност со Законот за заштита на личните податоци на Република Северна Македонија, објавен во Службен весник бр. 42 од 16.2.2020 година.
КОИ СЕ ПРАВНИТЕ ОСНОВИ И ЦЕЛИТЕ ЗА ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ?
Ние ја почитуваме вашата приватност и собираме, обработуваме и чуваме лични податоци законито, транспарентно и правично, во согласност со законските прописи и со правните основи утврдени во нив. Правен основ за собирање на вашите лични податоци е вашата согласност, или законска обврска или легитимен интерес на УНИТИМ. Личните податоци ги обработуваме со цел ефикасно обезбедување на бараната услуга, исполнување на законските обврски, пријавување на несаканите ефекти, испраќање известувања и најефикасен одговор на вашето барање. Притоа, обработката е ограничена само на оние лични податоци што се неопходни за исполнување на целта заради која се обработуваат.
Собраните податоци може да бидат обработени за следниве цели:
НА КОЈ НАЧИН ГИ СОБИРАМЕ ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ?
Во зависност од тоа како ќе изберете да комуницирате со нас, ние собираме разни видови податоци за вас. Понекогаш ни ги давате директно (на пр. кога креирате ваш профил, кога ќе ни поставите прашање и сл), понекогаш ги собираме ние (на пр. користиме колачиња за да разбереме како ги користите нашите страници/апликации), а понекогаш добиваме податоци од веб-страници/апликации на трети страни (социјални мрежи).
Личните податоци што ги доставувате при користење на секцијата „Контактирајте не“ се користат со цел да одговориме на вашето прашање или барање или да размениме дополнителни податоци поврзани со барањето, со што овие податоци ги чуваме како референтни податоци во системите дизајнирани за управување со обезбедените информации. УНИТИМ може да биде задолжен доставените податоци да ги проследи до надлежните органи доколку постои законска обврска за тоа (пр. во случаеви кога пријавувате несакани рекации од производот). Вашите лични податоци нема да се користат за ниедна друга цел.
Собираме податоци преку социјалните мрежи и платформи, преку содржината што самите ја креирате и ја споделувате со нас на социјалните мрежи или платформи на трети страни или доколку самите ја поставите на некоја од нашите страници или апликации, вклучително и употреба на апликациите или платформите на трети страни како што се Фејсбук, Инстаграм, Линкдин, Youtube и сл. Содржината може да вклучува фотографии, видеа, лични приказни или други слични содржини поврзани со УНИТИМ. Запомнете дека сета содржина што ја објавувате на социјалните мрежи и платформи е достапна за јавноста, па затоа бидете внимателни кога споделувате одредени лични податоци. Наедно, собираме податоци за вас секогаш кога комуницирате со нас преку социјалните мрежи и платформи, но и секогаш кога ја користите функцијата за социјално вмрежување, интегрирана на страниците на УНИТИМ. Обработката на вашите лични податоци е доброволна и во секое време може да ја повлечете својата согласност за овие цели, со тоа што за подетални информации видете во секцијата „Кои се вашите права“. За да дознаете повеќе како ги добива УНИТИМ вашите податоци од социјалните мрежи на трети страни или да изберете да не споделувате информации од социјалните мрежи, прочитајте ја политиката за приватност на соодветната социјална мрежа и платформа.
КОИ КАТЕГОРИИ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ГИ ОБРАБОТУВАМЕ ЗА ВАС?
Може да ја користите нашата страница без да ги откриете своите лични податоци. Немате обврска да ги откривате своите лични податоци како услов за користење на нашата страница, освен ако доброволно не доставите податоци или ако користите еден од достапните обрасци за одредена цел.
Бидејќи целосно го почитуваме принципот на минимален обем на податоци, ги собираме само оние податоци што се неопходни, релевантни и ограничени на потребите за целите за кои се обработуваат.
Секогаш кога ќе ја посетите нашата страница, нашиот веб-сервер привремено ги регистрира вашата IP-адреса, типот на прелистувач, времето на посета и линкот до посетената страница.
Видовите лични податоци што ги собираме зависат од категориите на испитаниците и од активностите на обработка.
Поставете прашање: собираме адреса на вашата електронската пошта и други лични податоци доколку доброволно ги доставите со информациите поврзани со вашето барање. Личните податоци што ни ги доставувате во врска со вашето барање може да се користат само за да одговориме на прашањето, како и за размена на дополнителни информации во врска со барањето.
Социјални мрежи и платформи: може да собереме податоци преку содржината што сами ја креирате и ја споделувате со нас на социјалните мрежи и платформи на трети лица или доколку сами ја поставите на некоја од нашите страници или апликации, вклучително и употреба на апликациите или на платформите на трети страни, како што се: Фејсбук, Инстаграм, Линкдин, Youtube и сл. Содржината може да вклучува фотографии, видеа, лични приказни или други слични содржини поврзани со УНИТИМ или со производи на УНИТИМ, како и споделени вакви податоци со цел учество во организирани натпревари и промоции. Може да собереме каква било информација која вие ја споделувате јавно и која е дел од вашиот профил (на пр. име, адреса на електронска пошта, пол, роденден, град во кој живеете, слика и сл.) и кои било дополнителни информации или активности кои ги објавувате на социјалните мрежи и платформи, а со цел да обезбедиме информации за користењето на нашите производи и услуги, да ни помогне подобро да ги разбереме вашите потреби и очекувања, а со тоа да ги подобриме нашите услуги и производи, како и да креираме соодветна промотивна содржина.
КАКО ГИ ЧУВАМЕ ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ?
УНИТИМ ги презема сите технички и организациски мерки за обезбедување највисоко ниво на тајност и на заштита на обработката на вашите лични податоци со кои располага, заради спречување неовластен пристап, неовластено откривање или евентуална злоупотреба на нив. Пристапот до вашите лични податоци е ограничен на оние вработени за кои сметаме дека имаат реална потреба да дојдат во контакт со тие податоци заради остварување на целта за која се дадени.
Не споделуваме податоци за вас и/или за вашата посета на нашата страница со трети лица, освен во случај на ангажирање даватели на услуги, доколку УНИТИМ ги ангажира како обработувачи, со што ќе бидат обврзани да постапуваат според упатствата на УНИТИМ и да обезбедат заштита на личните податоци што се обработуваат при обезбедување на тие услуги, во согласност со апликативните законски прописи за заштита на личните податоци.
Ниту ние ниту нашите партнери нема да ги пренесеме вашите лични податоци на трети страни во каква било форма, освен ако не добиеме ваша согласност или ако сме законски обврзани да го сториме тоа. УНИТИМ задржува контрола над употребата на овие податоци.
РОКОВИ ЗА ЧУВАЊЕ НА ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Вашите податоци ќе се чуваат само онолку колку што е потребно за да се исполнат сите горенаведени цели. Вашите лични податоци нема да се чуваат во форма што дозволува да бидете идентификувани подолго отколку што е потребно за да се постигне целта за која се собрани или обработувани. УНИТИМ чува одредени лични податоци во согласност со временските рокови пропишани со закон или со интерните акти на компанијата и само во траење кое е потребно за остварување на целта заради која се собрани.
Доколку сте дале согласност, ние ќе ги обработуваме вашите лични податоци сè додека не ја повлечете согласноста. Кога ќе се исполни целта заради која се обработуваат личните податоци на субјектот, тие ќе бидат избришани и во случај кога субјектот не побарал повлекување на дадената согласност. Доколку направите основан приговор за обработка на личните податоци, заснован на легитимен интерес, ние нема да ги обработуваме вашите лични податоци во иднина. Доколку се поведат судски, административни или вонсудски постапки, личните податоци може да се чуваат до крајот на таквата постапка, вклучувајќи го и можниот период за поднесување правни лекови.
КОИ СЕ ВАШИТЕ ПРАВА?
Унитим гарантира остварување на сите ваши законски права во врска со обработката на вашите лични податоци. Вие во секој момент имате право да побарате:
право на пристап – право да поднесете барање за пристап до своите лични податоци, односно да добиете информација за податоците што се обработуваат за вас и да проверите дали се тие точни и ажурирани;
право на исправка – доколку откриете дека вашите лични податоци што ги обработува УНИТИМ не се точни или не се целосни, имате право да побарате нивна исправка;
право на бришење – право да побарате од УНИТИМ да ги избрише вашите лични податоци под одредени услови утврдени со закон;
право на ограничување на обработката – право да побарате УНИТИМ да ја ограничи обработката на вашите лични податоци под одредени услови утврдени со закон;
право на преносливост на податоците – право да ги добиете своите лични податоци во структуриран, вообичаено користен и машински читлив формат и да ги пренесете на друг обработувач, без попречување од УНИТИМ;
право на приговор – право на приговор врз основа на конкретна ситуација доколку обработката на вашите лични податоци се заснова на легитимен интерес или се врши за цели на директен маркетинг и за профилирање поврзано со директниот маркетинг, под одредени услови утврдени со закон и
право на повлекување на согласноста – имате право да ја повлечете својата согласност за користење на вашите лични податоци во секое време. Повлекувањето на согласноста не влијае врз законитоста на обработката, врз основа на согласноста пред нејзиното повлекување.
Доколку сакате да ги остварите горенаведените права што произлегуваат од Законот за заштита на личните податоци, ве молиме пристапете до следниот линк пополнете го соодветниот образец и испратете ни го преку електронската или преку поштенската адреса наведени подолу.
Во секое време, доколку имате дополнителни прашања, може да ни се обратите на адресата:
Со цел да ви го дадеме потребниот одговор, ве молиме да ги наведете следниве информации:
Доколку сметате дека обработката на вашите лични податоци од страна на УНИТИМ не е во согласност со одредбите на Законот за заштита на личните податоци или, пак, доколку сметате дека е повредено некое ваше право за заштита на личните податоци, имате право да поднесете барање за утврдување на прекршувањето на прописите за заштита на личните податоци преку Агенцијата за заштита на личните податоци.
ПРОМЕНИ ВО УСЛОВИТЕ ЗА УПОТРЕБА НА ПОЛИТИКАТА ЗА ПРИВАТНОСТ
Политиката за приватност повремено може да се менува. УНИТИМ ќе постави ажурирана верзија на политиката за приватност на оваа страница.
31.5.2024