УНИТИМ ДООЕЛ Скопје е компанија која е основана во 2001 година. Нудиме целосни решенија, од проектирање до инсталација и интеграција на системи за греење и ладење, климатизација, вентилација, регулирање на влажност на воздух во простории, подно греење, топлински пумпи.
Нашите дизајнерски услуги се подготвени од искусни професионалци и генерално вклучуваат неколку важни елементи за секој од нашите клиенти:
Професионално развиен проект за инсталации за греење, вентилација и климатизација може значително да помогне во забрзувањето на процесот на градба, како и да гарантира негово квалитетно спроведување. Со нас гаранитиран е квалитетот, роковите и ефикасноста на системите.
Водени од нашиот слоган ENGINEERING CLIMATE EFFICIENCY секогаш на прво место ни е ефикасноста на системите и ниски режиски сметки (струја, вода, парно) за нашите клиенти во време кога овие ресурси се исклучително скапи; и секако подеднакво важно заштитата и грижата за животната средина.
Нашата мисија е квалитетот пред сѐ, а наши цели се почитувањето на зададените рокови како и задоволството на нашите клиенти. Нашата визија е висока ефикасност на системите за целосна климатизација на објектите кои ги дизајнираме и изведуваме со цел заштеди за нашите клиенти и поздрава животна средина!
Унитим ДООЕЛ е формирана во 2001 година во Скопје, како компанија со главна дејност инжинеринг и изведба на инсталации во оваа област на греење, водовод и климатизација.
Нашата компанија на македонскиот пазар успешно постои повеќе од 23 години. За сите овие години нашата визија беше јасна, се стремевме кон придобивање на задоволни клиенти, со вистинска понуда на квалитетни производи и одлична услуга. Ја креиравме нашата историја низ годините, се со цел да им се доближиме на нашите корисници преку различни активности. Во нашата работа се стремиме кон интегрирање на опрема со најнова технологија како и работење по највисоки стандарди.
Проектирање и изведба на системи за водовод, греење-ладење, климатизација, вентилација, како и продажба и инсталација на целосни топлински системи, клима уреди, топлински пумпи, уреди за греење, подно греење. УНИТИМ подготвува HVAC проекти за сите видови објекти: канцелариски и административни, производствени објекти, станбени згради, ресторани, куќи, продавници, работилници, базени, клубови, сервер и технички простории, магацини, аграрни плантажи, чисти соби (Clean rooms) и уште многу други градежни и индустриски сегменти.
Нашиот тим е составен од врвни експерти од областа на машинство, градежништво, архитектура, производство на HVAC продукти, финансии, продажба. Имаме над 40 вработени: менаџери, инженери, оператори, возачи, администрација, производство.
Генерален Директор
Човечки Ресурски и Администрација
Директор на финансии и сметководство
Машински Инженер
Машински Инженер
Машински Инженер
Машински Инженер
Машински Инженер
Машински Инженер
Нашата компанија е лиценцирана за проектирање и изведба на HVAC системи на станбени и деловни објекти, индустриски објекти, специјализирани чисти соби и аграрни плантажи.
Лиценца А за проектирање
Лиценца Б за изведувач на градби
Лиценца А за изведба
Сертификат Унитим – Бонитетна Фирма